Над 50 пратеници во Совет на Европа бараат Николоски да биде амбасадор во Брисел

by Фокус

Педесет и четири пратеници од 22 европски земји во парламенарното собрание на Советот на Европа преку писмена декларација побараа македонската влада да не го блокира упатувањето на Александар Николоски за амбасадор во Европската унија.

„Загрижени сме од сознанието дека Владата прави обиди да го спречи Николоски да ја преземе неговата позиција како Амбасадор и шеф на Мисијата на Република Македонија во Европската Унија…Ние сме убедени дека тој ќе биде одличен претставник на Македонија во ЕУ во Брисел и ќе го забрза процесот на интеграција во Унијата“, стои во Декларацијата.

Како што е познато, министерот за надворешни работи Никола Димитров го оспори поставувањето на Николоски за амбасадор во Брисел, со образложение дека мора да престане праксата на назначување амбасадори политичари пред да се одржат избори.

Николоски, пак, реагираше дека новата влада го блокира неговото назначување за амбсадор во Брисел на неаконски начин и спротивно на Уставот, па дури, според него, и со фалсификувана документација.

Поврзани новости