Над 5.000 новозаразени во Холандија

by fokus

Во Холандија само денес се пријавени 5.500 нови случаи на ковид, што е најголемиот дневен број од 14 мај.

Пред една недела имаше 800 новозаразени за 24 часа, а во последните седум дена во просек по 67 нови случаи на 100.000 жители.

Поради ширењето на пандемијата, Владата размислува да воведе нови мерки за борба против коронавирусот.

Зголемувањето на новозаразени се должи на делта мутацијата, иако во исто време нема зголемување на хоспитализации.

Младите се најпогодени и се верува дека се заразиле со вирусот во барови и ноќни клубови.

Поврзани новости