Триесет и шест лица загинаа, а над 150 се повредени во терористичкиот напад што се случи вчера во најголемиот аеродром во Турција, Кемал Ататурк во Истанбул.
Бројот на жртви се очекува да расте и до 50, бидејќи голем дел од повредените се во критична состојба.
Нападот го изведиле тројца самоубијци, кои најверојатно се приврзаници на Исламската држава.
Според очевидците еден од напаѓачите прво пукал со автоматска пушка во делот на полетувањето, по што тројцата се разнесле во делот каде што пристигнуваат патниците еден кат подолу.
Ова е најсмртоносниот напад на Истанбул од почетокот на годинава. Во последните шест месеци градот беше трипати погоден од терористички напади, од кои два беа дело на Исламската Држава, а еден на курдска милитантна организација.