Тачи: Од чистењето на Избирачкиот список најмногу ќе страдаат Албанците

by fokus

Претседателот на ДПА, Мендух Тачи смета дека несогласувањето меѓу македонските партии е виртуелно и дека реалниот проблем на Македонија се спорот за името и меѓуетничките односи, односно правата на Албанците.

-Без решавање на спорот за името и меѓуетничките односи, целиот овој процес нема никаква смисла– порачал Тачи на средбата со шефицата на Мисијата на ОБСЕ во земјава, Нина Суомалаинен.

Во однос на прочистувањето на Избирачкиот список, Тачи смета дека од тој процес најмногу ќе страдаат Албанците.

„Нема да дозволиме во неможност да се избришат фиктивните гласачи, да се бришат други лица кои постојат, но во моментов не се во земјата. Најголем дел од овие лица се Албанци“- потенцира Тачи.

Според него, сегашниот избирачки список сè уште содржи фиктивни гласачи, а главната вина за ова ја имаат државните институции, контролирани од власта, кои не испраќаат точни податоци до ДИК.

Поврзани новости