Над 30 отсто излезност до 15 часот

by fokus

Заклучно со 13 часот, излезноста на гласањето за градоначалници и советници изнесува 31,5 отсто, покажуваат податоците од Државната изборна комисија.

Според досега обработените податоци од 86 отсто од избирачките места, вкупно гласале 499.107 избирачи.

Релативно ниската излезност се должи на фактот што, како што посочи првиот човек на ДИК Александар Даштевски, спората динамика со која се одвива гласањето.

Тоа е резултат на, рече Даштевски, тоа што избирачкиот список има двојно повеќе страни поради многу кандидати, една четвртина од списокот на МВР за отпечатоци е лош, како и ковид-мерките.

-На многу избирачки места има гужва, но секој ќе може да го искористи гласачкото право, дури и ако треба гласањето да трае подолго – истакна тој.

Поврзани новости