Нови 329 позитивни и 13 починати од ковид

by fokus

Нови 329 позитивни случаи на ковид 19 од 3.045 тестирања, 200 оздравени и 13 починати – ова е новиот ковид-биланс во изминатите 24 часа.

Како што соопшти Министерството за здравство, од новодијагностицираните 329, ситуацијата по градови е следна: Скопје – 178, Велес – 27, Куманово – 20, Прилеп – 16,  Штип – 13, Струмица – 10, Охрид – девет, Tетово, Пробиштип и Кочани имаат по осум нови случаи, Битола – седум, Кочани и Гевгелија – по пет, Свети Николе – три, Струга, Ресен, Крива Паланка и Демир Хисар – по два и по еден нов случај во Кавадарци, Виница, Македонска Каменица и Дојран.

Што се однесува до 13-те починати лица, 6 се од Скопје (91, 88, 79, 78, 69 и 68), 3 од Велес (86, 72 и 57) и по едно од Прилеп (57), Тетово (64), Крива Паланка (78) и Куманово (74).

Поврзани новости