626
Агенцијата за бегалци на Обединетите Нации УНХЦР соопшти дека бројот на бегалци и мигранти, кои го минале Медитеранот да стигнат до Европа, надминал 300.000 оваа година.
УНХЦР вели дека тоа е за 219.000 повеќе во однос на цела 2014 година. Повеќе од 2.500 луѓе оваа година загинале минувајќи го Медитеранот, не вклучувајќи ги околу 200 мигранти кои се удавиле во близина на брегот на Либија во последните 24 часа.