Груевски: Дијаспората треба да има барем три пратеници

by Фокус

Нашиот став е македонските иселеници да имаат свои претставници во Парламентот на Република Македонија и ќе се залагаме и понатаму дијаспората на тој начин да учествува во политичкиот живот во земјата, истакна премиерот Никола Груевски на синоќешната средба со претставници на македонската дијаспора во Виена, Австрија.

– Тоа беше проект за кој многу се зборуваше пред 2006-та година меѓутоа ниту една влада не го спроведе. Ние го ветивме кога бевме во опозиција во 2004-та, во 2005-та година и потоа по нашето доаѓање успеавме да ги убедиме и другите политички партии нашата дијаспора, македонците кои се иселени од Република Македонија, кои што многу помагаат на своите блиски во Македонија, кои што со душа и срце сакаат да и помогнат на Република Македонија и секогаш кога имаат прилика го прават тоа да имаат барем симболично учество во креирањето на политиките да имаат свое учество преку давање на свои идеи барања, предлози критики преку свои претставници. Реков симболично затоа што имаме еден претставник од Европа, еден од Америка и еден од Австралија и ако мене ме прашувате јас сметам дека бројот на претставници треба дури и да поголем, меѓутоа засега немаме единство по тоа прашање во државата, меѓу политичките партии, истакна Груевски.

 

Поврзани новости