На Урко му се заканува казна до 10 години затвор

by fokus

По девет дена од тешката сообраќајка која го однесе животот на 22-годишно момче, МВР поднесе кривична пријава против Дејан Митровски-Урко.

Поранешниот шеф на обезбедувањето на екс премиерот Никола Груевски се товари за кривичното дело „Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“, за што е предвидена казна затвор од една до десет години.

Несреќата се случи на 27 јули кај Рампа, кога Митровски со својот автомобил БМВ свртил полукружно на две полни линии и удрил во мотоциклистот. Неколку дена подоцна момчето им подлегна на повредите.

Поврзани новости