Над 1000 новозаразени со Ковид-19 дневно, вкупната бројка надмина 20 илјади

by fokus

Во текот на вчерашниот ден беа регистрирани нови 1161 случај на заразени со Ковид-19, со што бројката на активни случаи во државава се искачи на 21 797. Сепак, според надлежните, болниците располагаат со слободни кревети, а од ресорното Министерство уверуваат дека се во постојан контакт со сите болници и доколку има потреба, капацитетите на ковид одделенијата ќе бидат дополнително проширени.

Новорегистрираните се од направени 3114 тестирања. Најмногу нови случаи има во Скопје – 410, по што следат Битола со 75, Прилеп – 59, Тетово – 58, Куманово – 54, Штип – 54, Велес – 55, Охрид – 51, Кавадарци – 55,….

Според Институтот за јавно здравје вчера беа регистрирани 806 оздравени пациенти, а починаа 26 лица во болнички услови. Болниците се уште располагаат со слободни кревети. Заклучно со вчерашниот ден, во ковид центрите низ државата има околу 150 празни болнички кревети.

Податоците на Министерството за здравство покажуваат дека во болниците низ државата вкупно се лекуваат 1 340 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот.

Поврзани новости