Над 1.300 Британци добиле неточни резултати од тестовите за коронавирус

by Fokus

Повеќе од 1.300 Британци добиле неточни, позитивни резултати од тестовите за коронавирус поради грешки во владиниот систем „Тестирај и следи“, соопшти денеска британското Министерство за здравство.

– Официјалните лица кои го користеа системот„ Тестирај и следи “ контактираа 1.311 лица и ги информираа дека позитивните резултати од нивните тестови спроведени во периодот од 19 до 23 ноември не биле точни. Од нив беше побарано повторно да се тестираат и да останат во изолација доколку забележат дека имаат симптоми на Ковид-19 , се наведува во официјалното соопштение на Министерството за здравство и се посочува дека станува збор за „ изолиран инцидент “ што се истражува, јавуваат британските медиуми.

Владата најави дека ќе инвестира дополнителни седум милијарди фунти во системот „Тестирај и следи“, како дел од сеопфатната програма за масовно тестирање во Велика Британија.

Досега во Велика Британија се потврдени 1,6 милиони случаи на Ковид-19 и повеќе од 57.500 смртни случаи.

Поврзани новости