Речиси 200 припадници на Армијата се вклучени во обезбедувањето на болниците

by Fokus

Речиси во сите болници низ државата каде се третираат ковид-пациенти како дел од обезбедувањето биле вклучени војници. Заклучно со вчерашниот ден биле ангажирани 195 припадници на Армијата, покажуваат податоците на Министерството за одбрана.

-Во најголем дел од центрите кои прифаќаат ковид пациенти, имаме припадници на Армијата. Дополнително во понеделник, 12 специјалисти и 20 медицински сестри ќе се вклучат во болниците во Скопје како поддршка на цивилно-здравствениот персонал, соопшти министерката за одбрана Радмила Шекеринска.

Во однос на тоа дека има поплаки оти припадниците на Армијата не придонесуваат за воспоставување на ред во болниците и чекаат насоки од обезбедувањето на болниците, Шекеринска со став дека Армијата постапува исклучиво по инструкциите кои произлегуваат од оперативните планови.

-Апсолутно е недозволено и нелогично војска да прима насоки од приватно обезбедување и тоа во никој случај не е така. Она што војската го прима се инструкции кои доаѓаат од Штабот и инструкции кои доаѓаат од оперативните планови што ги работи МВР заедно со претставници на Генералштабот, нагласи министерката.

Поврзани новости