Над 1.000 активни случаи на вирусот во Тиквешко

by Fokus

Дури 1.040 случаи на корона вирус се активни во Тиквешијата периодов, од кои 649 во Кавадарци и 391 во Неготино. Под Општина Кавадарци спаѓаат и случаите од Росоман, а пак под Општина Неготино случаите од Демир Капија.

Денес се регистрирани нови 46 случаи, од кои 26 во Кавадарци, 15 во Неготино, три во Росоман и два во Демир Капија.

Лицата се на возраст од 11 до 79 години и помеѓу нив има еден здравствен работник од Кавадарци. Во ковид центарот во кавадаречката болница се хоспитализирани 51 пациент и има девет слободни места. Од почетокот на панедмијата во Тиквешијата се инфицираа 2.777 лица.

Вики Клинчарова

Поврзани новости