Меѓународните набљудувачи на ОБСЕ се подготвени да ги следат парламентарните избори во Македонија, велат од Министерството за надворешни работи кое стапило во комуникација со ОДИХР.
-Врз основа на договореното на средбата меѓу политичките лидери, МНР стапи во комуникација со ОДИХР со прашање дали постои подготвеност да продолжат со набљудувачката мисија на предвремените парламентарни избори. Одговорот го добивме и во овој момент можеме да споделиме со јавноста дека е позитивен. Повеќе детали ќе соопштиме по лидерската средба во понеделник, бидејќи коректно е прво политичките лидери да се запознаат со содржината на писмото пред тоа да се објави, велат од МНР за „Фокус“.
Следењето на изборите од страна на меѓународните набљудувачи е еден од условите за да се договори датум за изборите. Политичките лидери во понеделник повторно ќе одат на средба кај претседателот, Стево Пендаровски за да го договорат датумот за изборите.