Алијанса за Албанците: Со ребалансот на буџетот приоритет се изборите, не економијата

by Frosina Fakova

Дури и со овој ребаланс на буџетот, истата логика продолжува, иако во време на криза се потенцира политичката димензија, а не финансиската и економската димензија на буџетот. Со овој ребаланс, Владата се демантира себеси во сите досегашни презентирани сценарија, реагираат од Алијансата на Албанците.

-Намалувањето на приходите од буџетот во најоптимистичкото сценарио на Министерството за финансии предвидува намалување за 20%, додека истите се планирани со намалување од само 11,5%! Бидејќи сме ограничени во информациите и сè уште не ја знаеме динамиката на рестартирање и отворање на економијата, едноставно се сомневаме дека ова е одржливо планирање на приходите од буџетот. Можеби се планира и некое зголемување на данокот како тој со акцизата. Предупредувањето за намалување на јавната потрошувачка до 2% се претвори во пораст од 1,4% (53,7 милиони евра). Образложението дека е помало зголемување на јавната потрошувачка отколку во земји како Германија, Финска не бара коментар, реагираат од Алијансата.

Поврзани новости