Двајца скопјани со пиштол ограбувале низ Карпош- полицијата ги уапси

by Frosina Fakova

Двајца скопјани на возраст од четириесетина години со закана со пиштоли ограбиле две жени во скопската општина Карпош. На социјалните мрежи се појавија предупредувања дека жена била измамена од двајца разбојници во скопската населба Тафталиџе, кои прво и понудиле помош на жената за да ѝ ги однесат кесите од пазарење до дома, при што кога дошле до нејзиниот дом извадиле пиштоли и ја ограбиле.

Од МВР, соопштуваат дека на 12 мај, пред неколку дена, разбојниците со закана пиштол украле ранец, а вчера било пријавено дека на улица „Варшавска“ во влез од зграда разбојниците со закана со пиштол нападнале триесетгодишна жена и и го украле мобилниот телефон.

Двајцата крадци се фатени и во нивниот дом се најдени пиштол, ранци, телефони.

– Единицата за внатрешни работи Карпош при СВР Скопје презеде мерки и активности и по добиена наредба од судија на претходна постапка изврши претрес во дом на ул.„Никола Русински“, каде биле пронајдени С.Ј.(40) и Т.П.(41). При извршениот претрес биле пронајдени и одземени пиштол, мобилни телефони, ранци, обувки и повеќе други предмети кои потекнуваат од кривични дела „разбојништво“, „разбојничка кражба“ и „кражба“, соопштуваат од МВР.

Поврзани новости