На Ургентен синоќа примени 28 повредени во Собранието, Шеќеринска со повреда на главата

by Fokus

Во скопскиот Ургентен центар во моментот се примени 28 пациенти, од кои пет се задржани на клиниката, а другите се пуштени на домашно лекување, потврди во изјава за „Фокус“, директорот Реџеп Селмани. На клиниката синоќа била примена и пратеничката од СДСМ, Радмила Шеќеринска, која имала контузна рана на главата.

– Кај нас досега беа донесени 28 повредени, а синоќа меѓу нив беше и пратеничката Шеќеринска. Таа има контузна рана, односно повреда на главата, зашиена е и пуштена на домашно лекување. На КАРИЛ примен и задржан е еден од повредените пратеници – истакна Реџепи.

И.М.

 

 

 

 

Поврзани новости