Отворено писмо од Питер Ванхауте до Никола Груевски

by fokus

По крвавите инциденти во македонскиот парламент синоќа, поранешниот посредник во решавањето на политичката криза Питер Ванхауте испрати отворено писмо до лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.

„Господине Никола Груевски, настаните во Скопје вчера, за што вашата партија ја сноси главната одговорност, затоа што тие се оние кои поттикнаа за насилство, ќе бидат запаметени како еден црн ден во македонската историја. Да бидам јасен: употребата на насилство за да се спречат демократските процедури во парламентот е неприфатлива“- пишува Ванхауте.

„Свесен сум дека ВМРО е се’ уште најголема партија во парламентот, но тоа не значи ништо ако не сте во можност да формирате мнозинство. И тоа е токму она што вие, господине Никола Груевски, и вашата партија, треба да го прифатите“ – додава во писмото Ванхауте.

„Се разбира, лесно е да се обвинуваат другите за вчерашните настани. Веројатно дури и тоа да се гледа како причина за големи апсења на членови на опозицијата. Барем јас не би бил изненаден ако тоа биде следниот чекор. Вашиот прес-конференција минатата ноќ беше срамна, и недостојна за лидер на една демократската партија“ – пишува Ванхауте.

„Изборот на нов претседател, со цел да се врати демократијата во Македонија е совршено легален“ – вели Ванхауте, по што го потсетува Груевски на неколку досегашни нарушувања на демократскиот процес од страна на ВМРО-ДПМНЕ, како на пример црниот понеделник од 2012 година.

„Вчерашниот настан ме остави со повеќе прашања отколку одговори: каде беше полицијата, која треба да ги заштити парламентот и членовите на парламентот во секое време? Како е можно рекетари да можат да влезат во парламентот, ако полицијата не им дозволи да го сторат тоа?“ – прашува тој.

„И колку и да сте загрижени, господине Никола Груевски, сега е време да го прифатите поразот и да ја напуштите политичката сцена, во очекување на темелна истрага за своите акции и оние на вашите сојузници“ – му порачува на крајот на отвореното писмо белгискиот олеснувач Питер Ванхауте на Никола Груевски.

Поврзани новости