На „Табановце“ уапсен Албанец баран од Интерпол

by Fokus

Вчера попладне, жител на Албанија бил уапсен затоа што бил баран од Интерпол и по него била распишана меѓународна потерница.

„На 12 октомври 2020 година во 16.00 часот на граничен премин „Табановце“, при пасошка контрола, било констатирано дека З.А.(35) од Р. Албанија се наоѓал на СТОП-листа на Интерпол и за него била распишана меѓународна потерница.

Тој бил лишен од слобода и предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка“, велат од МВР.

Поврзани новости