717
На граничните премини „Табановце“ и „Блаце“ за влез и за излез од државата се чека околу 30 минути. На другите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ информира дека интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Се препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде што има можност од појава на одрони. Тоа посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.