Слаби држави убаво горат

by fokus 19:18
19:18

Сè додека нè јаваат класични партијаши, како кршачот на ќерамиди, и додека ни се авторитети лопови, и сè додека се молчи додека наши сограѓани со голи раце гаснат пожар ДОМА, а ЦУК дава милион евра за телефонски разговори, не само што ни е ако, него и малку ни е! Лепа села, лепо горе!

 Јанаки МИТРОВСКИ

- Advertisements -

Пожарите што пустошеа во Кочани, но и на уште неколку локации низ Македонија, на најпрецизен начин ја презентираат очајната состојба на државниот апарат и слабоста на неговите институции. Додуша, ова важи само кога треба да се сервисираат потребите на граѓаните, а не и кога власта треба да носи бенефити за властодршците и кршење базични права на избирачите.

Пожарите се распламтија, а нашите две институции ЦУК и Дирекција за заштита и спасување си ги чешкаа мадињата. Првенствено непотребно постојат две институции, а постројат за ухлебување на партиски кадар, бидејки нивните надлежности или се слични или се преклопуваат.

САМОПРОГЛАСЕНИОТ ГЕНЕРАЛ АНГЕЛОВ

Директорот на ЦУК, самопрогласен генерал Ангелов, се досамопрогласи за херој, додека уживаше во Крушево на настан платен од наши пари. Дури и смета дека треба да биде награден, па најави и заминување од Македонија, доколку се утврди дека потфрлил, а јас би го замолил тоа да биде час поскоро, бидејќи очигледно кршењето ќерамиди си го зело данокот.

Директорот на Агенцијата за заштита и спасување, чие име не го знам, нит сакам да го знам, а во чија надлежност се канадерите, исто  така, не се чуствува виновен. Не е виновен што две години авионите дремат, фирмата за сервисирање многу пари барала. Па, малку бизнис-логика директоре, носи ги во Србија или Грција една година на сервисирање, па да видиш како следната година сами ќе те молат за сервисирање по пониски цени. Ама, па, за директор не бараат мозок!

ГОРИВО ИМА ЗА АВИОНИТЕ ШТО НЕ ЛЕТААТ

Но тоа не ја спречила државава да набави гориво за истите тие авиони за кои знаат дека немa да летаат годинава, што е класичен криминал, кој погодувате ќе остане неказнет. И малку ни е! Штом е потребно премиерот и цела свита да одат во Кочани за да мора да мрдне работата од место, а одат со десетина возила, кои чинат неколкупати повеќе од сите противпожарни возила во државава, ако ни е! И уште премиерот не гледал потреба никого да разреши? Зашто би, иста екипа се!

Опозициската ДПМНЕ не пропушти да го искористи овој момент и да критикува дека се водела борба со огнената стихија со опрема стара четириесет година. Па, до вчера бевте власт, што не купивте нови камиони, ама додека се градеше ск014, Латас нè убедуваше дека и во време на криза на своето дете му купувате парфеми!

We are NATO министерката и претседателот на државата не се ни срамат да признаат дека нашите хеликоптери не можат да летаат ноже и затоа не можат да помогнат. Јеботе каква е таа НАТО армија, чии хеликоптери не летаат ноже? Дај да испратиме мемо до соседиве да не напаѓаат ноќе зашто тоа не би било фер кон нашата дотраена опрема.

Сè додека не јаваат класични партијаши, како кршачот на ќерамиди, и додека ни се авторитети лопови, и сè додека се молчи додека наши сограѓани со голи раце гасат пожар ДОМА, а ЦУК дава милион евра за телефонски разговори, не само што ни е ако, него и малку ни е! Лепа села, лепо горе!

 

 

Поврзани новости