Граѓаните во Вухан ги испразнија продавниците само неколку случаи на Ковид-19

by fokus 19:48
19:48

Илјадници купувачи во Вухан ги преплавија продавниците во паника бидејќи во градот првпат по една година, се регистрирани нови случаи на заразени од коронавирус.

Жителите за кратко време ја разграбаа стоката од полиците на супермаркетите. Тие стравуваат дека поради зголемувањето на бројот на новозаразени, повторно ќе има затворање. Сакаат да се обезбедат навреме и да ги снабдат своите домаќинства со продукти потребни за домаќинството, пренесуваат светските агенции.

- Advertisements -

Официјалните лица се обидоа да ја смират ситуацијата велејќи дека продавниците ветуваат оти нивната понуда на стоки ќе биде стабилна.

Главниот град на провинцијата во централна Кина, каде што живеат 11 милиони луѓе, ќе го тестира целото население поради 8 новозаразени случаи на коронавирус.

Во Вухан немаше пријавено нови случаи на коронавирус од средината на мај минатата година.

Неговото строго, но успешно затворање од 76 дена, го шокира светот, но тој рецепт набргу го применија и другите земји во светот.

Кина го намали локалниот пренос на коронавирусот на речиси нула дозволувајќи ѝ на економијата да закрепне и животот да се врати во нормала во голема мера.

Но, новата епидемија на делта-сојот ги загрози ваквите резултати бидејќи се прошири во 20 града во повеќе провинции.

Поврзани новости