На официјалната веб страна на Агенцијата за вработување на Македонија (АВРМ) во делот за вработување има опција да огласите дека барате проститутка. Оваа опција е една од опциите кои ги дава апликацијата за огласување на барања за нови работни места. Доколку сте работодавец, во полето за кадар од кои имате потреба, има опција да одберете тоа да биде проститутка.
-Не може да се огласат работни места кои се забранети во Македонија па така и за вработување на проститутка. Било кој и да се обиде на нашата страна да објави оглас за професии кои се нелегални самиот ППР систем ги отфрла. Опциите кои стојат во апликацијата ’е-работа’ за оглас во менито работно место, се согласно меѓународната класификација на занимања, но за дел од нив, кои во Македонија со закон се забранети, при обидот да се објави оглас, системот не дозволува и ваков оглас никогаш нема да видите преку Агенцијата за вработување, изјави за СДК, директорот на АВРМ Влатко Поповски.