Во 13:30 партиските лидери ќе одлучуваат за изборите

by fokus

Лидерите на четирите политички партии потписнички на Договор од Пржино, се се состанат денеска во 13:30 часот. Лидерската средба ќе се одржи во Клубот на пратеници и на неа лидерите ќе треба да констатираат дали се исполнети условите за одржување на избори.

Доколку биде констатирано дека условите се исполнети, тогаш се очекува да се договори датумот за избори, што најверојатно ќе биде 11 декември.

Се уште е отворено прашањето за петтиот член на ад хок телото за медиуми, за кој останатите четворица членови не можат да се договорат.

Поврзани новости