ФСП до ад хок телото: Уште од старт фрлате дамка на вашиот кредибилитет

by fokus 10:51
10:51

Форумот на слободоумни патриоти денеска на членовите на ад хок телото за медиуми им порача дека нивниот избор е во функција на спроведување на што поефикасни, фер и демократски парламентарни избори, а не во функција на личните интереси на поединци и групи.

-Вашето неумесно однесување уште во старт го доведува во прашање кредибилитетот на ова тело. Колку само да знаете ако не ви е јасно, она што во овој момент вие го правите уште во старт фрла дамка на целиот процес, велат од Форумот на слободоумни патриоти.

Тие ги повикаа членовите на ад хок телото да се одважат и да излезат од канџите на, како што рекоа, некој што ги држи.

Поврзани новости