На сликата, Груевски на Тиквешки гроздобер од пред осум години

by Fokus 14:09
14:09

Кавадарци е во потрага по крал и кралица, а потрагата официјално почна од денес. Се бараат вински крал и кралица, односно најубав кавадарчанец и најубава кавадарчанка, по повод традиционалниот „Тиквешки гроздобер“, кој ќе се одржи на втори, трети и на четврти септември.

Општина Кавадарци го објави повикот за учество на изборот за вински крал и кралица, а право на учество имаат кандидати постари од 16 години. Планирано е годинава, изборот да биде еден од централните настани на манифестацијата, а предвидени се и вредни награди за учесниците. Лани, престижните титули на гроздоберот ги освоија Кристијан Ивановски и Елена Радулова.

За време на гроздоберот, гостите ќе ги забавуваат „Рибља чорба“ и „Парни ваљак“. Од општината очекуваат винскиот карневал и многуте активности предвидени за време на манифестацијата да привлечат илјадници гости од земјава и од соседството.

Вики Клинчарова

 

Поврзани новости