Началникот Горан Грујовски разрешен од функција

by fokus

Началникот на петтата управа Горан Грујовски, кој е прв осомничени во случајот „Тврдина” на Специјалното јавно обвинителство, е разрешен од функција.

Министерот за внатрешни работи Митко Чавков не сакаше да образложи зошто е разрешен началникот, но тврди дека тоа е направено во законски рамки.

Чавков вели дека Грујовски од вчера го прекинал боледувањето, се вратил на работа, и е разрешен од позицијата началник на петтата управа, а се уште нема поставено нов на неговото место.

Инаку, Грујовски заедно со уште четири лица, меѓу кои и ексминистерката Гордана Јанкуловска, се осомничени за уништување на системите за нелегално прислушкување, вредни 10 милиони евра.

 

Поврзани новости