472
Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска го поздрави предлогот на францускиот претседател Емануел Макрон за поширок европски клуб на земји надвор од ЕУ, кој би можел да ги вклучи Украина или Велика Британија.
– Сакам експлицитно да кажам дека ова е многу интересен предлог, изјави Шолц, додавајќи дека е „многу задоволен од предлогот за кој разговараме заедно“.
Макрон на денешната средба со Шолц во Берлин изјави дека за Велика Британија би можело да „има место“ во поширок европски клуб на демократски земји што се протега надвор од ЕУ.
– Велика Британија одлучи да ја напушти нашата Европска Унија, но може да има место во оваа политичка заедница, изјави Макрон.