Ни студот не го спречува Груевски, петнаесетти ден на протести

by fokus

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ во оставка, Никола Груевски, и денеска, петнаесетти ден по ред протестираше пред Министерството за правда.

Тој и неговите приврзаници уште еднаш побараа ослободување на притворените осомничени за насилството во Собранието на 27 април.

Денеска на протестот се обрати пратеничката Лилјана Затуроска.

-После ова треба да се извлечат поуки за да не настане друго вакво дело во иднина, кое што ќе остави големи бразди во душата на македонските граѓани, изјави Затуроска.

Поврзани новости