На Рамковска 27 пати и го продолжиле притворот, било ирелевантно што има мали деца

by fokus

Емел Рамковска во вечерашното интервју на телевизија Телма рече дека две ипол години поминала во притвор во Шутка, каде немала право да ги гледа децата. Првиот слободен викенд го добила после одлежани 4 ипол години од казната. Наредниот слободен викенд што и следувал не и го дале без никакво образложени.

Нејзините адвокати барале притворот да и биде заменет со домашен притвор, бидејќи има три малолетни деца. Но, Судот тоа секогаш го одбивал.

-27 пати ми го продолжија притворот со реченица дека ирелевантно е што имам мали деца, рече Рамковска.

Таа порача дека нема да биде нејзина лична сатисфакција одговорните од претходната власт да одговараат, туку тоа е важно за пораката која ќе се испрати до опшеството.

 

 

Поврзани новости