Груевски им се пожали на „непријателите“ на Македонија дека Владата била корумпирана

by fokus

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски и членови на ИК на ВМРО-ДПМНЕ денес остварја средба со амбасадорите на земјите членки на Европската Унија и НАТО како и преставници на ОБСЕ и ОДИХР, соопштуваат од партијата.

На средбата се разговарало за актуелната состојба во државата, подготовката на локалните избори, како и стратешките интереси на државата.

Од страна на Груевски било истакнато дека стратешки приоритет на Република Македонија преставува членството во Европската Унија и за тоа е многу важна поддршката од европските пријатели со цел придвижување на процесите. Во изминатиот период освен декларативна заложба на владата, немаше никаков суштински продонес за напредок на полето на интеграциите, истакнал Груевски.

Била изразена загриженост од негативните трендови во економијата која придонесува за слабеење на стандардот на граѓаните и создавањето на лош амбиент за водење на бизнис.

-Истовремено загрижува и тенденцијата кое преминува во редовна пракса на повреда на законите, кога станува збор за именување на функционери, како и корупциските скандали кои се врзуваат за владата, а кои говорат за незаконско постапувања, рекол Груевски.

Поврзани новости