На принцот Вилијам не би му пречело ако неговите деца се геј

by fokus

Војводата од Кембриџ, принцот Вилијам истакна дека не би му пречело ако неговите деца се изјаснат како геј-личности. Притоа, тој додаде дека стравува дека таквата ситуација би довела до злоставување и притисок од јавноста.

„Не сум размислувал за тоа, се додека не станав родител. Но, сметам дека воопшто не би ми пречело. Единствено што ме загрижува е како другите ќе гледаат на тоа, како светот ќе реагира. Со сопругата разговаравме за тоа и треба да се подготвиме за таква работа ако се случи некогаш“, рече принцот Вилијам.

Поврзани новости