На осветување на црква во Велес поканет Груевски, но не и вицепремиерот Анѓушев кој донирал за изградбата

by fokus

На осветувањето на црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Велес, митрополитот на повардарската епархија Агатангел, не го поканил ктиторот Кочо Анѓушев, на комплетниот фрескоживопис и дарител на електриката во црквата Свети Кирил и Методиј која се градеше 11 години. Не е поканет никој ниту од новата влада. Единствено поканет е лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски на осветувањето на храмот, чин кој почна во петокот, а завршува денеска наутро.

Чинот на осветувањето ќе почне во 8 часот и се очекува големо присуство на гости, верници и на донаторите што помогнаа да се изгради овој духовен храм во Велес. Бизнисменоти  вицепремиер Анѓушев помогнал со 230.000 евра во изградбата.

Поврзани новости