Ураганот Ирма утринава се очекува да ја погоди Флорида

by fokus 09:36
09:36

Ураганот Ирма корнеше дрвја и уриваше покриви на Куба со брзина на ветрови од 200 километри часа, кои уништија хотели во најпознатите летувалишта на островот и предизвикаа евакуација долж брегот па се до околината на главниот град Хавана.

Во многу области на Куба била исклучена електричната енергија и комуникациските врски биле во прекин.

Метеоролозите прогнозираат дека Ирма рано изутринава ќе го погоди јужниот брег на Флорида, каде седум милиони луѓе од околу 21 милион жители на таа американска сојузна држава биле повикани да се евакуираат.

- Advertising -

Американскиот претседател Доналд Трамп ги предупреди вечерва сите луѓе „да се тргнат од патот“ на ураганот Ирма и да не се грижат за своите имоти, бидејќи „предметите се заменливи, а животите не се“.

– Безбедноста е на прво место, порача Трамп.

Тој истакна дека САД се подготвени колку што е можно за таква монструозна бура, каква што е Ирма.

Поврзани новости