И покрај тоа што се уште се пребројуваат гласовите од Претседателските избори, ВМРО ДПМНЕ во Неготино уште пред еден час започна да слави.
Десетици лица се излезени на балконот на штабот на партијата, кој се наоѓа во центарот на градот и од таму извикуваат Македонија и ВМРО ДПМНЕ. Исто така, низ градот веќе неколку пати поминаа колони со возила од кои се извикуваше ВМРО ДПМНЕ. Според ДИК, од досега пребројаните гласови во Неготино, Гордана Силјановска Давкова освоила 51,31 % од гласовите, односно за неа гласале 4.834 лица, зад неа е Стево Пендаровски со 43,35 проценти, односно со 4.084 гласа, а Блерим Река освоил 0,97 проценти, односно добил 91 глас во Неготино, од досега пребројаните. Во Неготино се гласаше на 28 избирачки места, а право на глас имаа 15.805 граѓани.