Силјановска ги спои нејзините гласови со оние на Река: Со бројот на нашите гласови приказната е јасна

by fokus

Претседателската кандидатка Гордана Силјановска Давкова прогласи победа во првиот круг и се обрати во штабот на ВМРО-ДПМНЕ.

-Уште еднаш дозволете да се заблагодарам на ВМРО-ДПМНЕ и на коалицијата за отворената врата за некој однадвор како мене, ама на овие гласови јас би сакала да им се заблагодарам и на граѓаните кои биле аполитички а гласале за мене, на граѓаните кои седлабоко се разочарале од власта. Ако се спореди бројот на гласовите за опозицијата и на оние кои гласале за Река, разликата е повеќе од 70 илјади гласови. За некој како мене кој во целата кампања укажуваше на неодржливоста на систем на режим без владеење на правото, потонат во коруција, тоа е најважно. Опозицијата успеала навистина не само да им предочи, туку и да ги убеди граѓаните дека во отсуство на право и правда, може да си раскажуваме прикаски за ЕУ и НАТО. На оваа земја и треба нов профил на политичари, демократска култура, европско лидерство. ЗНам дека допрва следи битката, но мислам дека ако ние добивме олкав број на гласови, и ако на тие ги додаме оние на Блерим Река, прикаската е јасна. И двајцата зборувавме за владеење на правото, борба против корупцијата. И само со таква приказна можеме да зачекориме во ЕУ. Нашите тези се на линија на излитената парола Нема правда, нема мир, зашто правда во Македонија нема. Крајот се насетува, јас немам што да изгубам, моите тези се јасни, рече Силјановска.

Поврзани новости