На Љубе по трет пат ќе му се суди на 16 октомври за случајот „Ровер“

by fokus

Судскиот случај „Ровер“, во кој еден од обвинетите е и Љубе Бошкоски, на 16 октомври по трет пат ќе влезе во судница во Основниот суд Скопје 1. На обвинетите ќе им се суди по трет пат, бидејќи пред неколку месеци, Апелациониот суд повторно ја укина првостепената пресуда и случајот го врати на повторно судење.

Апелација по втор пат ја укинува првостепената пресуда за овој случај, поради низа пропусти и грешки и неутврдена фактичка состојба, што значи дека случајот по трет пат ќе влезе во Кривичниот суд.

Апелација донесе одлука и да се укине притворот за обвинетите Зоран Трајковски, Сашко Јовановски, Ивица Ристиќ и Гоце Митревски, кои три години поминаа зад решетки. Бошкоски, и понатаму останува зад решетки, бидејќи одлежува правосилна казна за случајот „Кампања“. Тој за овој случај доби петгодишна казна затвор, а му останува уште половина година.

Според првостепената пресуда, за убиството на Маријан Тушевски и Киро Јанев, од 2001 година, обвиентите Предраг ЧубрилоМилан Илиќ и Милорад Ковачевиќ  добија казна доживотен затвор, Вук Вукичевиќ беше осуден на 15 години затвор, Бошкоски доби казна затвор од 10 години и шест месеци, првиот човек на обезбедувањето на Бошкоски, инспекторот Зоран Трајковски доби осум години и шест месеци, по седум добија Сашко Јовановски и Ивица Ристиќ, а по пет години и шест месеци Гоце Митревски и Никола Негриевски.

Поврзани новости