Алсат-М: ВМРО-ДПМНЕ го фалсификувала Законот за специјален обвинител

by Фокус

Претставниците на ВМРО-ДПМНЕ го смениле текстот на Законот за специјално обвинителство изработен од четирите политички партии и меѓународниот посредник за време на неговото испраќање до Собранието, дознава Алсат-М. Тие ја скратиле втората алинеја од член 3, од каде е изваден ставот кој гарантира гласање по Бадентер на Советот на обвинители, за избирање на специјалната обвинителка. Сменетата верзија предвидува гласање со Бадентер само во Собранието, но не и во Советот.

И покрај измените на законот за кој претходно се согласија, Советот на обвинители ја изгласа Катица Јанева со Бадентерово мнозинство вечерта на 15 септември. Измената на законскиот текст поминала без да биде забележана од страна на албанските партии во Парламентот. Реакциите за ова дошле вчера за време на дискусиите на работната група од страна на претставникот на ДУИ, Артан Груби.

Алсат-М дознава дека откако било констатирано дека фалсификатот е направен од страна на ВМРО-ДПМНЕ, посредникот Питер Ван Хојт го исклучил нивниот претставник Никола Тодоров од работната група, како недоверлив за да учествува во понатамошната работа.

 

Поврзани новости