На кој му се оди во затвор нека се јави кај претседателот

by fokus 18:21
18:21

Претседателот Иванов ги „охрабрува” сите оние кои ги помилува да побараат да им ги поништи аболициите.

Тој вели дека селективната аболиција ја направил поради реакциите во јавноста дека политичарите се над законот. Од останатите 33-ца помилувани никој не поднел барање за поништување на аболицијата, па Иванов ги повика што поскоро да го направат тоа.

- Advertising -

„Најмногу имаше реакции во јавноста дека политичарите се над законот, затоа моето повлекување се однесуваше на сите политичари кои беа опфатени. Сите останати лица можат да поднесат барање за повлекување. Јас сѐ уште ги чекам“, изјави Иванов од Бугарија, каде учествуваше на Самитот на шефови на држави и влади на земјите членки на Процесот за соработка во Југоисточна Европа.

Тој останува на ставот дека селективната аболиција е клучна за излезот од кризата, и покрај многубројните укажувањата на меѓународната заедница и домашната јавност кои јасно порачаа дека селективна правда е неправда.

Поврзани новости