Иванов се прецени на самитот во Софија

by fokus 17:53
17:53

Претседателот Ѓорге Иванов на Самитот во Софија, ги убедувал бугарските колеги дека е клучен фактор во кризата.

На средбата со премиерот Бојко Борисов и претседателот Росен Плевнелиев тој порачал дека токму институцијата претседател која тој ја претставува е единствен фактор за одржување на стабилноста во Македонија.

Бугарскиот премиер Борисов пак, изјавил дека тие се загрижени за кризата во Македонија и порачаа излезот да се бара преку дијалог на сите политички партии и почитување на договорите.

- Advertising -

Двајцата претседатели повикаа и на брза завршница на разговорите за билатералниот договор за добрососедски односи и соработка меѓу двете земји, што би му дало нов поттик на процесот на европската интеграција на Македонија.

Поврзани новости