На КАРИЛ вечерва почина родилката, која се фрли од први спрат на скопска Гинекологија

by Fokus

Вечерва во 21 часот почина родилката, која пред десетина дена се фрли од први спрат од скопската Клиника за Гинекологија, неофицијално дознава „Фокус“.

Таа со тешки повреди беше хоспитализирана на КАРИЛ, каде повеќе од една недела се бореа за нејзиниот живот.

Триесет и деветгодишната родилка после падот имаше тешки повреди на вратната кичма, градниот кош и главата.

Директорката на скопската Клиника за гинекологија, Викторија Јовановска тогаш во изјава за медиумите рече дека родилката која се обидела да си го одземе животот со тоа што скокна од прозорец на првиот кат на болницата е во многу тешка здравствена состојба.

„Пациентката е во многу критична состојба, ме информираа од КАРИЛ. Немала посериозни психолошки проблеми, иако не сакала да го дои бебето, што не се случува првпат. Табу тема е да доаѓа психијатар тука и да разговара со мајките.

 

Лично мислам дека на сите нас ни треба психијатар, во современото живеење, како совет, не како терапија. Прво дете и е на 39-годишната жена“ рече пред десетина дена Јовановска.

Од тука се отвори и темата  за тоа дека на секоја родилка и е потребен психијатар, со кој би можела да разговара за периодот што следува, а е ново за неа и за бебето.

Според нашите информации, новороденчето е земено од Гинеколошката клиника од страна на неговото семејство.

Ирена Мулачка

Поврзани новости