Алкараз ќе му биде противник на Ѓоковиќ во финалето на Вимблдон

by fokus

Карлос Алкараз со победата над Данил Медведев од 3-0 во сетови се пласираше во финалето на Вимблдон, каде го чека Новак Ѓоковиќ.

Младиот тенисер не го криеше воодушевувањето што за првпат во кариерата ќе играа за трофејот на најреномираниот тениски турнир во светот.

-Ова за мене е сон, да стигнам до финалето. Искрено, не можам да верувам, не можам да опишам колку уживам… Воопшто не беше лесно против Медведев како што покажува резултатот, морате цело време да сте фокусирани бидејќи Данил се бореше до последниот поен. Морав да го одиграм својот најдобар тенис во тешките моменти, бев агресивен, оној вистинскиот ас и тоа беше клучно да го завршам третиот сет за конечна победа, рече Алкараз.

Во однос на неговиот противник во финалето, тој рече дека Србинот е вистинска легенда, но тој верува дека може да го победи и финалето не е време да биде исплашен од Ѓоковиќ.

Поврзани новости