538
Седницата на собраниската Комисија за политички систем на која се расправаше за извештајот за работата на СЈО беше прекината, откако специјалната јавна обвинителка се пожали дека не и е добро, јави репортерот на СДК.мк
Јанева му се пожали на претседателот на комисијата Влатко Ѓорчев, по што тој предложи пауза од 7.30 до 8.30 часот. Сепак, таа не ја дочекала паузата и излегла од салата жалејќи се дека не се чувствува добро.
Петнаесетина минути подоцна дошло обезбедувањето од тимот на СЈО и Јанева си замина со нив.
Претседателот на комисијата Влатко Ѓорчев ја презакажа седницата за утре во 13 часот.