Кривична постапка против уште еден член на Левица

by fokus 19:54
19:54

Мериглен Демири е третиот член на партијата Левица против кого Основниот суд започна судски процес, поради учество на протестите на Шарената револуција.

-Режимот не престанува со политичкиот прогон против членовите на Левица. Малку му беше што веќе води судски процес против двајца наши членови, Здравко Савески и Владимир Куновски, па реши да поведе кривична постапка против уште еден член на Президиумот на Левица, Мариглен Демири. Ако режимот мисли дека вака ќе нè замолчи – дебело се лаже! Нашата борба за слобода и социјална правда во Македонија продолжува-  се вели во соопштението на Левица.

Партијата утре во 11.45 часот пред Основниот суд Скопје 1 ќе одржи прес-конференција.

Поврзани новости