На Избирачкиот список 9.392 гласачи помалку од претходните парламентарни избори

by fokus 11:44
11:44

Државната изборна комисија денеска објави дека вкупно 1.770.736 граѓани имаат право на глас на вонредните парламентарни избори кои треба да се одржат на 11 декември оваа година.

Во споредба со Избирачкиот список од последните парламентарни избори во 2014 година, сегашниот список е помал за 9.392 гласачи. Намалување на бројот на гласачи има во првата и во втората изборна единица, односно речиси 8.000 гласачи помалку има во изборните единици во Скопје и во Куманово.

Од ДИК информираа дека Избирачкиот список го доставила до сите политички партии на 30 август, а јавен увид во списокот ќе биде можен од 27 октомври до 16 ноември.

 

Поврзани новости