Ќерката на рокерот Канго го напиша четвртиот роман: ГОЛА ВО ИМЕ НА УМЕТНОСТА

by fokus

Ивана Иванова Канго, најмладата ќерка на легендарниот рокер од Кочани, Симеон Иванов Канго, го издаде својот четвртти роман, насловен ,,Ќерката на РА,,. Авантуристичката книга од денес може да се прочита во онлајн книготеката и издавачка куќа ,,Македоника,, а наскоро ќе го добие и своето печатено издание.

,,,,Ќерката на РА,, може да се чита само онлајн, со логирање на сајтот на ,,Македоника,, и моментално оди на конкурс од УНЕСКО за поддржка на млади македонски писатели кој што трае следните десет месеци. Печатеното издание би требало да биде готово за неколку месеци, а до тогаш ќе се чита само онлајн, поради потребите на конкурсот. Исто така, ќе следи и официјална промоција која што ќе се случи кон крајот на овој месец, во рамките на настанот ,,Канго Рок Опера,, во Скопје,, – ни изјави Ивана која што освен со пишување, работи приватно како правник. Околу корицата на книгата, на која што позира Ивана лично, сосема гола, вели дека и тоа е само дел од уметноста.

thumbnail_ivana kango2 thumbnail_ivana kniga2,,Знам дека корицата на книгата е доста смела, соработував со професионалниот фотограф Никола Аџиевски од ,,Пикс,, студио од Скопје. Идејата ни беше заедничка. Целта ни беше да се долови момументален акт, по примерот на статуите од времето на ренесансата,, – вели Ивана за ,,Фокус,,.

Таа е третата ќерка на познатиот рокер. Заедно со сопругата Љубица тој ги има и постарите ќерки Драгана и Александра. За Ивана и Драгана нивните пријатели често велат дека се негова копија, бидејќи ја наследиле неговата кадрава коса.

Вики Клинчарова

ФОТО: Никола Аџиевски

Поврзани новости