СЈО денеска се пресели во новите простории

by fokus

Специјалното јавно обвинителство од денеска почна да работи во новите простории на улицата Франклин Рузвелт прилагодени за неговата работа.

Утрово пред новото седиште на СЈО имаше и засилено полициско обезбедување, нешто што не беше карактеристично пред старите простории.

Нема информации дали денеска ќе дојдат лица повикани на распит во својство на сведоци или пак осомничени.

Поврзани новости