На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 334 пациенти, слободни кревети има

by Fokus

Во изминатите 24 часа е пријавено дека се лекуваат вкупно 334 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот во ковид центрите во болниците низ земјава.

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 597. Има околу 530 празни болнички кревети во ковид центрите.

Министерството за здравство соопшти дека во болницата во Битола се хоспитализирани 27 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД-19.

-Во болницата во Штип се хоспитализирани 39 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 23 пациенти, во Велес се лекуваат 23 болни, а во Куманово 49 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 60 пациенти, во Прилеп 18 во ковид центарот во Гостивар 19, а во Струга 23 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 21 пациент, во Кочани 3 во Кичево 8, Кавадарци 13, во Гевгелија 8 лица, а во Дебар 13 позитивни и суспектни на корона вирусот., се наведува во дневниот извештај на Министерството.

Оттаму посочуваат дека во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.

Поврзани новости