На Инфективната клиника почина пациент од Струга

by Fokus
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби денеска за прв пат од почетокот на епидемијата, во 24 часа, нема прием на нови пациенти, позитивни или сомнителни на ковид-19.
-На оваа клиника почина еден пациент, 61 годишен од Струга, со повеќе коморбидитети и тешка форма на болеста, хоспитализиран од 24 април, соопштија од министерството за здравство.
Во изминатите 24 часа направени се 199 тестирања, а потврдени се 15 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје-2, Куманово-7, Прилеп-4, Тетово-1, Струга-1.
Согласно МЗ вкупната бројка на заболени од ковид во нашата земја изнесува 1506, бројката на оздравени пациенти е 852, на починати е 82, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 572.

Поврзани новости