407
Грчките медиуми објавија дека вчера утрото, петчлено семесјтво од Србија доживеало несреќа, возејќи се со глисер, бродот се запалил.
Во инцидентот повредени се мајката и две ќерки, четринаесет годишната девојка и мајката се здобиле со изгореници, а четири годишното девојче претрпела траума на градниот кош и стомакот, според информациите на грчките медиуми, во метото Ситонија на Халкидики се запалил глисер, но наводно на огнот му претходела експлозија.
Според очевидци, ударот бил толку моќен што едно дете паднало во морето.
Грчките медиуми објавија дека сите пет лица, таткото, мајката и нивните три малолетни ќерки, биле однесени во најблиската болница. Поради сериозноста на повредите, тие потоа биле префрлени во болницата Папагеорги во Солун.